Дон Карло нема конкуренција: Анчелоти стана најтрофеен во Суперкупот!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Реал Мадрид вчера освои уште една титула под водство на тренерот Карло Анчелоти, и тоа откако го совлада Ајнтрахт Франкфурт со 2-0 во европскиот Суперкуп.

„Кралевите“ минатата сезона ги освоија Ла Лига и Лигата на шампиони, а оваа сезона ја почнаа со уште една титула, па така Анчелоти стана најтрофеен во натпреварувањето.

Анчелоти досега освои четири трофеи во Суперкупот, односно две со Милан и две со Реал Мадрид, па така зад себе го остави Пеп Гвардиола, кој има три титули.