Дончиќ блескаше, па утна шут за победа на Далас (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата ноќ беа одиграни четири натпревари во НБА-лигата, а Далас маверикс загуби од Њу Орлеанс пеликанс со 111-113, иако Лука Дончиќ имаше неверојатен настап.

Дончиќ повторно беше одличен на паркетот и постигна 37 поени, 11 асистенции и седум скокови, но не успеа да постигне кош за победа, па така Далас запиша пораз во НБА-лигата.

Голден Стејт вориорс беше декласиран од страна на Феникс санс со 105-134 откако во третата четвртина остана без Клеј Томпсон.

Букер го предводеше тимот на Феникс до победа со 34 поени, додека Ејтон постигна 16 поени и 14 скокови, а на спротивната страна Стеф Кари даде 24 поени за Голден Стејт.