Дончиќ доби удар кој долго ќе го памети (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ не можеше сам да го однесе Далас маверикс до победа против Феникс санс (114-121) во првот меч во полуфиналето на Западот, иако постигна дури 45 поени.

Натпреварот ќе се памети по неговиот одличен настап, но и болниот удар кој го доби во тек на еден од дуелите во втората четвртина.

Краудер се обиде да шутира за три поени на осум минути пред крајот на втората четвртина, при што го удри Словенецот во меѓуножјето, кој падна и почна да жали на болки.

Краудер беше казнет со неспортска грешка и го продолжи мечот, додека Дончиќ за среќа не заработи посериозна повреда, но ќе го памети уште долго овој удар.