Дончиќ е МВП: Овации од трибините по 49. трипл-дабл! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Далас маверикс триумфираа против Портланд трејл блејзерс со 117-112, а фантастичен натпревар одигра Лука Дончиќ.

Словенечкиот кошаркар го запиша неговиот 49. трипл-дабл во кариерата, а натпреварот го заврши со 42 поени, 13 асистенции и 10 скокови.

Тоа, исто така, беше негов четврти трипл-дабл во кој постигнал 40 или повеќе поени, а публиката скандираше „МВП, МВП“.

За Далас ова е седми триумф и се наоѓа на шестото место на Западот, додека Портланд со девет победи е трет.