Дончиќ испиша историја и го надмина рекордот на Меџик Џонсон (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Далас маверикс триумфираа со 127-99 против Денвер нагетс, а најзаслужен за тоа беше неверојатниот Лука Дончиќ кој стигна до 50. трипл-дабл во кариерата.

Словенечкиот кошаркар постигна 33 поени, 11 скокови и исто толку асистенции, па така успеа да стане третиот кошаркар кој стигнал до 50 трипл-дабл до својата 25 година.

На Дончиќ за ова постигнување му беа потребни 278 натпревари, односно еден помалку од легендарниот Меџик Џонсон, додека рекордер е Оскар Робертсон кој за само 111 дуели стигна до трипл-дабл.