Дончиќ не знае за пораз со Словенија: Никој ништо не му може!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенија славеше против Шпанија на Олимписките игри и ја продолжи одличната серија, па сега ги чека плејофот каде што следат нови возбудувања.

Лука Дончиќ ги предводеше Словенците до триумф над Пол Гасол и другарите, а неверојатно звучи податокот дека ѕвездата на Далас маверикс нема ниту еден пораз во кариерата во дресот на репрезентацијата.

Станува збор за натпреари од турнирите, а Дончиќ повторно беше главен за Словенија, откако постигна 12 поени, 14 скокови и девет асистенции против Шпанија.

Тоа беше негов 16. меч на турнирите со Словенија и стигна до неверојатна 16. победа во кариерата, па и понатаму не знае за пораз.