Драма на „Олимпико“: Интер преку смешен пенал го реши Јувентус во Купот (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер по продолженија го совлада Јувентус со 4-2 во финалето на Купот на „Олимпико“, откако во регуларните 90 минути резултатот беше 2-2.

Николо Барел во седмата минута им донесе радост на „нераѕурите“, но во вториот дел се случи целосен пресврт откако Јувентус со два гола за три минути поведе со 2-1.

Во 79. минута Интер доби контроверзен пенал и Чаланоглу погоди за 2-2, па така му избори продолженија на неговиот тим, каде што два гола постигна Перишиќ.