Драма во Будимпешта: Пливачка за малку ќе се удаваше – ова не е првпат да се онесвести!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Анита Алварез во финалето на слободната соло програма во средата потона до дното на базенот, по што следеше брза реакција на тренерката на американската селекција.

Алварез се онесвести и падна во базенот за време на натпреварувањето на Светското првенство (СП) во Будимпешта, по што тренераката Андреа Фуентес скокна и ја спаси.

По драмата на Светското првенство во Будимпешта, мајката на Анита даде изјава за медиумите.

„Ова не е првпат Анита да се онесвести. Тоа се случуваше и претходно, но не за време на натпреварување. Веднаш знаев дека нешто лошо се случува, но за среќа брзо реагираше Андреа и ја спаси“, кажа мајката на Алварез.