Драма во Рим: Ѓоковиќ падна, а на сите им запре здивот во еден момент (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ игра против Каспер Руд во полуфиналето на Мастерсот во Рим. Србинот минатата година беше вицешампион, а сега е прв фаворит за освојување на трофејот.

Шансите на Ѓоковиќ дополително се зголемија, откако Диего Шварцман го исфрли Рафаел Надал во четвртфиналето, но во првиот сет Србинот се соочи со проблем.

Рид беше подобар до самиот крај на сетот, зашто имаше брејк предност и водеше со 5-3, но потоа Ѓоковиќ се разбуди и го освои сетот со 7-5.

На снимката во продолжение може да се забележи и сцената кога Ѓоковиќ падна на теренот, а на сите им запре здивот затоа што неговиот пад изгледаше навистина лошо.