Драматичен финиш во Скопје: Борко блесна на крајот, но Порто извлече реми во последна секунда!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Актуелниот европски првак Вардар вечерва се соочи против Порто во ракометната Лига на шампиони и во драматичниот финиш стигна до 25-25.

Порто играше одличен натпревар од самиот почеток, а Вардар се одржуваше во живот благодарение на одличните интервенции на Борко Ристовски, додека од друга страна се истакна македонскиот голман Никола Митревски.

Во второто полувреме Вардар имаше предност од еден гол, која ја загуби во последните десет минути, при што Порто влезе во финишот со водство од два погодоци.

Во последните минути се разбуди Вардар, па Ристовски со неколку добри одбрани ги запре нападите на Порто, по што „црвено-црните“ со неколку гола стигнаа до 25-24. Сепак, гостинскиот тим во последна секунда постигна гол за да освои голем бод во „Јане Сандански“.