Драматичен пораз за Валенсија во Еврокупот, Димитријевиќ постигна седум поени!

Валенсија ја запре одличната серија од осум победи во сите натпреварувања, откако синоќа налета на незгодната Гран Канарија во Еврокупот, каде што загуби со 90-91 по продолженија.

Голема борба се водеше на паркетот меѓу двете екипи до самиот крај на мечот, а во завршницата на последната четвртина Валенсија беше поблиску до победата бидејќи имаше водство од осум поени, кое го прокоцка и тоа го искористи Гран Канарија, која избори продолженија.

Во продолженијата Гран Канарија постојано ја имаше предноста, па Валенсија успеа да намали само на еден негатива и така да се соочи со нов пораз во Еврокупот.

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра 26 минути за Валенсија, а притоа постигна седум поени, пет асистенции и два скока.