Дубаи преку нивната најголема зграда му оддаде чест на Марадона! 📷


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот свет не може да се соземе од веста дека Диего Марадона почина на 60-годишна возраст во неговиот дом од срцев удар.

Марадона почина минатата среда во својот дом во Буенос Аирес, а овие вести го изненадија светот, по што многу личности се збогуваа со легендарниот фудбалер.

Дубаи реши да се збогува од Аргентинецот, кој имаше функција на спортски амбасадор. На најголемата зграда се појави ликот на Марадона, а тоа ја воодушеви светската јавност.