Дурант по насилничкиот потег на Грин: Му треба професионална помош (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дрејмонд Грин со насилнички потег го нокаутира Јусуф Нуркиќ, а тоа предизвика бурни реакции од јавноста.

НБА-лигата соопшти дека Грин ќе биде суспендиран, а засега не е познато до кога ќе паузира надвор од терените.

Грин веќе доби неколку предупредувања, а за неговата состојба коментираше и Кевин Дурант кој кажа дека неговиот ривал има потреба од професионален психолог.

„Потегот на Грин беше навистина луд. Добро е тоа што Нуркиќ е во ред. Дрејмонд го познавам одамна и не беше ваков, се надевам дека ќе добие професионална помош“, кажа Дурант.