Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Навивачите на Оклахома Сити Тандер останаа без својот љубимец, а тоа судејќи по се тешко им падна.
Кевин Дурант ги напушти Тандери, а кариетата ќе ја продолжи во редовите на Голден Стејт Вориорс.
Мислењата во јавноста се поделени, но мнозинството се стреми дека оваа одлука најпрво е лоша по самата лига.
Сепак, навивачите на Тандери имаат очигледно причини за незадоволство. Ги напушти љумбимецот, кој соевремено го повика ЛеБрон кога тогаш го напушти Кавси.
Сега тој ја работи истата работа, веројатно и полоша, кога доаѓа во екипа на која речиси да не и требаат засилувања, во екипа која во минатата сезона го собори НБА рекордот по бројот на победи во текот на регуларниот дел.
Еден од навивачите своето незадоволство го „насочи“ на дресот на олимпиецот на САД.
Тој демонстративно го запали дресот со број 35, кој Дурант го носеше во екипата на Оклахома Сити Тандер.
And so it begins… 🔥🔥🔥 (via @Jay_Pums) https://t.co/M8Ql5uBgqh
— Bleacher Report (@BleacherReport) July 4, 2016