„Дури и да сте милијардер, никогаш не треба да изедете повеќе од еден леб на ден!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хабиб Нурмагомедов во саботата го победи Џастин Гејџи во УФЦ 254 и така ја заврши кариерата со 29 триумфи и ниту еден пораз во кариерата.

Борецот од Дагестан многумина разочара со тоа што најави крај на кариерата, а таква одлука донесе поради неговата мајка, на која ветил дека ќе се повлече.

И пред 15 дена Хабиб во интервју за „ЕСПН“ најави крај, но никој не го сфати сериозно и не веруваше дека тоа ќе го направи по борбата против Гејџи.

„Кога ќе дојде моето време, ќе си заминам. Но пред да дојде, сакам да летам. Сакам да бидам слободен. Ќе добијам нов живот, а за тоа не ми треба премногу. Дури и да сте милијардер, никогаш не треба да изедете повеќе од еден леб во денот“, кажа тогаш Хабиб.