Двајца Срби доаѓаат во Арсенал!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повредата на Габриел Жесус го натера раководството на Арсенал да бара алтернативни решенија во јануари.

Со оглед на тоа дека Бразилецот го чека пауза од три месеци, се појави дупка во екипата која мора да се пополни, а како решение се споменува Душан Влаховиќ од Јувентус.

Арсенал гледа одлична шанса во распадот на Јувентус, кој е под истрага и може да биде исфрлен од Серија А.

Како желба на „топчиите“ се споменува и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој одамна е пред излезни врати во Лацио.

Арсенал за двајцата српски репрезентативци сигурно ќе мора да потроши многу пари.