Еден од најдобрите кошаркари на Лејкерс заминува по шампионската титула!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс ја освои 17. титула во нивната историја во НБА-лигата, откако синоќа го победија Мајами хит и дојдоа до 4-2 во финалната серија.

Сепак, по освојувањето на шампионската титула пристигна информација дека би можеле да останат без еден од најважните кошаркари, а тоа е Ентони Дејвис.

Дејвис треба допрва да разговара за нов договор со екипата од Лос Анџелес, па останува да видиме што ќе се случи.

„Ми беше преубаво во Лос Анџелес првата година, се забавував и ја освоив титулата. Следните месеци ќе мора да смислиме нешто, не знам дали ќе останам“, кажа Дејвис.