Еден веќе потпиша, а друг е на праг до Челси: Покетино добива нови фудбалери


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Челси активно работи на ангажирање нови фудбалери за новата сезона, а веќе е договорен Кристофер Нкунку и поминати се успешно медицинските прегледи, а наскоро треба да потпише и Мануел Угарте од Спортинг Лисабон.

Челси води голема битка со ПСЖ за потписот на Угарте, но според Романо, фудбалерот сака да игра во Премиерлигата и е на праг да ги договори личните услови со премиерлигашот кој мора да плати 60 милиони евра за неговиот трансфер.

Угарте ќе игра покрај Енцо Фернандез следната сезона во Челси и треба да бидат главни организатори во играта на „сините“.

Ова не е крајот на засилувањата за Челси, затоа што клубот сака да купи нов голман, дефанзивец и напаѓач.