Египќанецот Мохаб Абделхак е ново засилување на Вардар


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


РК Вардар го освежи својот состав со ангажман на младиот и перспективен десен бек Мохаб Абделхак, кој важи за еден од најталентираните египетски ракометари од својата генерација.

Станува збор за леворак играч кој настапува на позицијата десен бек и пристигнува од редовите на германскиот гигант Кил. Иако е сè уште млад, Абделхак веќе има зад себе богато меѓународно искуство и настапи на високо ниво.

Роден е на 20 јануари 2003 година во Каиро и веќе е стандарден член на сениорската репрезентација на Египет. Неговиот развој започнува во редовите на Ал Ахли, еден од најуспешните клубови во својата земја, по што следува трансфер во францускиот Ним, каде дополнително го усовршува својот потенцијал во силна европска конкуренција.

Одличните партии во Франција му овозможија трансфер во Кил, клуб кој го промовираше како значајна инвестиција за иднината.

„Овој трансфер во РК Вардар претставува огромен чекор напред во мојата кариера и горд сум што доаѓам во клуб со толку силна историја и амбиција. Возбуден сум што ќе ја развивам својата игра, што ќе се натпреварувам на повисоко ниво и што ќе го дадам максимумот за тимот. Моите очекувања се да напредувам секој ден и да придонесам за заеднички големи резултати“, изјави Абделхак.