Егзодусот продолжи: По Горбок, уште еден ракометар го напушта Вардар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата вечер Сергеј Горбок соопшти дека ќе го напушти европскиот шампион Вардар, а денеска од екипата си замина и Домен Сикошек Пелко.

Словенечкиот пикер ќе го напушти Вардар и ќе ја продолжи кариерата во Ла Риоха од Шпанија. Пелко беше дел од македонскиот тим една година, а пристигна минатото лето од Австрија.

Пелко немаше поголема улога во екипата, бидејќи не се покажа најдобро на теренот, па поголема минутажа од него доби Сергеј Горпишин.