ЕХФ му бара милион евра депозит на Вардар ако сака да игра во ЛШ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот првак Вардар требаше да настапи во Лигата на шампиони (ЛШ) следната сезона, но тоа засега не е сигурно бидејќи Европската куќа на ракометот (ЕХФ) му побара депозит од милион евра.

ЕХФ го информирала Вардар дека минатата сезона не ги исполнил условите, па поради тоа сега ќе мора да даде милион евра, кој ќе треба да биде исплатен во две рати, и тоа првата најдоцна до 13 јули, а втората до 27 јули.

Македонскиот шампион ќе мора да плати милион евра, а доколку не се случи тоа, тогаш ќе остане без учество во елитното ракометно натпреварување, додека на негово место во ЛШ ќе влезе Горење Велење.

Вардар нема друга опција за да игра во ЛШ, па останува да видиме дали во следниот период ќе успее да ги пронајде потребните средства за настап во елитата.

ФОТО: СЕХА