Елиминирана трикратна олимписка шампионка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се случи и еден неверојатен пад на самиот старт на ОИ во Рио 2016.

Американската тенисерка, Венус Вилијамс елиминирана е од ОИ бидејќи во недела утрото изгуби од Киристен Флипкенс со 2:1 во сетови.

Олимписката шампионка, Вилијамс се мачеше играјќи со 62рата тенисерка на ВТА листата, а во еден момент кога изгуби поен, Вилијамс своето незадоволство го покажа со тоа што силно вресна.

Ова се петтите олимписки игри за Вилијамс.

Тенисерката од Белгија, Флипкенс беше среќна како да освои медал во ОИ по победата на Вилијамс, таа го бакна теренот по крајот на натпреварот.

Инаку, веројатно ова беа последните игри на Вилијамс, бидејќи таа има 36 години а следните игри се во 2020 година.