Елмас ги освои срцата на цела Италија и заврши на насловната страна на „Кориере дело Спорт“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра одличен меч за Наполи во победата против Лестер од 3-2, откако постигна два гола кои беа доволни за три бода на калчолигашот.

Елмас ги освои срцата на цела Италија со двата гола против Лестер, а тоа е прв фудбалер кој постигнал повеќе од еден гол на европски меч за Наполи по Марек Хамшик во 2015 година.

Македонскиот бисер доби највисока оценка, заедно со Зиелински, па тоа беше доволно за да заврши на насловната страна на „Кориере дело Спорт“.