Ембид се сели во Њујорк, а Харден се враќа во Хјустон?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американските медиуми пишуваат дека Џоел Ембид би можел да ја напушти Филаделфија, а како негов следен клуб се споменува Њујорк никс.

Филаделфија беше изненадена во полуфиналето на Истокот против Бостон, по што од тимот си замина Док Риверс, а наскоро се очекува заминување и на неколку кошаркари.

Американскиот новинар Стефан Бонди објави дека и Џејмс Харден би можел да се врати во Хјустон, каде што претходно играше неколку години.

Една од причините за враќањето на Харден во Хјустон е тоа што мајка му живее таму, а исто така има неколку бизниси на кои сака да им се посвети во иднина.