Емотивна сцена пред соблекувалната на Милан: Ибра го прегрна Станковиќ! 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дејан Станковиќ по мечот во Милано можеше со крената глава да го напушти теренот, зашто фудбалерите на Црвена Звезда покажаа карактер на теренот против италијанскиот гигант.

Честитки за Станковиќ пристигнаа и по мечот, кога пред соблекувалната дојде Златан Ибрахимовиќ, негов пријател и поранешен соиграч во Интер.

Ибрахимовиќ влезе против српскиот тим во второто полувреме, кога Стефано Пиоли знаеше дека не смее повеќе да ризикува. Сепак, ниту Швеѓанецот не успеа да го матира Борјан.

„Ибра ми е повеќе како брат, отколку пријател“, кажа Станковиќ по нивната средба со Ибрахимовиќ пред соблекувалната.