Ентони Дејвис и Леброн Џејмс ќе играат со други бројки на дресовите во новата сезона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ентони Дејвис во новата сезона ќе го добие дресот со број 23, кој во Лос Анџелес Лејкерс минатата сезона го носеше Леброн Џејмс, а „кралот“ следната сезона ќе ја носи „шестката“.

Леброн беше подготвен да му го препушти и претходно бројот 23 на Дејвис, но тоа не беше можно пред почетокот на минатата сезона поради маркетинг причини.

Меѓутоа сега е потврдено дека Дејвис следната сезона ќе го носи дресот со број 23, додека Џејмс ќе игра со број шест.

Тие двајца се подготвени да тргнат во одбрана на титулата, која ја освоија минатата сезона во НБА-лигата.