ЕП го лансираше во ѕвездите, а сега го засилува Јувентус за – 40 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели стана важен дел во играта на „аѕурите“, а во групната фаза постигна два гола и се лансираше меѓу најголемите ѕвезди на Европското првенство (ЕП).

Откако Марко Верати поради повреда ги пропушти првите два меча против Турција и Швајцарија, селекторот Роберто Манчини му даде шанса на фудбалерот на Сасуоло, кој ги воодушеви сите со неговите настапи.

Локатели одмори во мечот со Велс, додека Верати го презема неговото место и сега Манчини е на слатки маки пред дуелот од осминафиналето против Австрија.

Во секој случај, Локатели во иднина ќе биде носител на италијанската репрезентација, а откако ќе заврши ЕП, го чека и голем чекор во кариерата.

Јувентус е подготвен да понуди 40 милиони евра за услугите на Локатели, а токму таква понуда се очекува да ги задоволи очекувањата на Сасуоло.

Локатели има 23 години, а минатата сезона во Серија А постигна четири гола и имаше три асистенции, додека во Италија сметаат дека тоа е играч со голем потенцијал.