Ериксен го напушта Тотенхем, но останува во Премиер лигата?

Се поизвесно е заминувањето на Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Данскиот репрезентативец веќе не е толку важен во тимот како претходните сезони, посебно кога екипата ја превзема Жозе Мурињо. Ериксен незадоволен од мометалниот статус се очекува да го напушти Лондон.

Со оглед дека не го продолжи договорот, неговото заминување е неизбежно, а Тотенхем секако ќе сака да го продаде за да не остане со празни раце.

Во трката за потписот на Ериксен се Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Јунајтед, кои пробуваат во јануари да го завршат трансферот, па нудат голема сума на пари за да ги натераат челниците на Тотенхем да се откажат од услугите на Ериксен.

Сепак, за да се реализира тоа, Јунајтед претходно мора да се ослободи од Погба, за кој моментално има понуди, а пред се го посакува Реал Мадрид.

Доколку се оствари овој трансфер, Тотенхем од економски аспект би бил задоволен, Жозе Мурињо би добил можност да донесе нов креативец, а од друга страна Ериксен би добил нова шанса за докажување.