Естонија ја реши Македонија сред Скопје


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската кошаркарска репрезентација загуби на домашен терен од Естонија со 72-81, па си ги намалија шансите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2021 година.

Кошаркарите имаа катастрофално прво полувреме, по што Естонија на паузата замина со убедливи 45-23.

Во второто полувреме македонските кошаркари тргнаа поцврсто во нападот и успеаа да намалат на 62-70, но не успеаа ништо повеќе од тоа, по што беше неизбежен поразот.

Војдан Стојановски постигна 26 поени во македонските редови, додека кај Естонија најдобар беше Кристијан Куламае со 29 постигнати поени.

Македонија во следниот меч, кој се игра во недела ќе гостува кај Русија.

ФОТО: КФСМ