Евертон го испушти водството: Фернандеш ја „закова“ топката со глава во мрежата на Пикфорд ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евертон и Манчестер јунајтед играат дерби во Премиерлигата, а резултатот по 25 одиграни минути е 1-1.

Одличен старт на натпреварот имаше од двете екипи, а водството го презема домашниот тим благодарение на голот Бернард, при што Де Хеа не можеше да интервенира.

Сепак во 25. минута Јунајтед израмни на 1-1, откако Лук Шо испрати центар-шут во казнениот простор на „карамелите“, по што Бруно Фернандеш погоди за 1-1.