Еврогол на Хамшик и победа за Словачка

Репрезентацијата на Словачка ја совлада Русија со 1:2.

Словаците подобро го започнаа натпреварот, Марек Хамшик шутираше над голот. Следуваше шут на рускиот фудбалер, Артим Џуба, но само во рацете на Козачик. Во 32-ра минута го видовме првиот погодок на натпреварот за Словачка. Хамшик испрати одлична топка до Вајс, а фудбалерот на Ал Гарафа ја затресе мрежата на Акинфеев. Во 45-та минута Марек Хамшик после изведен корнер постигна еврогол и по втор пат Акинфеев ја вадеше топката од својата мрежа. На стартот на второто полувреме фудбалерите на Словачка имаа фантастична шанса за да го зголемат резултатот преку Мак, но Акинфеев одбрани. Глушаков со погодокот во 80-та минута намали и ги постави конечните 1:2.