Ф1 е во голема опасност: Првиот човек на Мекларен очекува – катастрофа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зек Браун, шефот на тимот на Мекларен, кажа дека организацијата на Формула 1 е во тешка ситуација поради пандемијата на коронавирусот.

Браун вели дека кризата би можела да уништи некои тимови и да го загрози „најбрзиот циркус во светот“.

„Ова е потенцијална катастрофа за тимовите, вирусот ги загрозува екипите и Ф1“, вели Браун.

За понеделник е закажан состанокот меѓу шефовите на тмовите, кои се поделени за начинот како да се зачува спортот.

Браун вели дека планираниот буџет од 175 милиони долари за следната сезона, ќе биде многу помал од очекуваното.

„Дали би можел да видам што ќе се случи ако не реагираме агресивно и ако два тима исчезнат? Да. Всушност гледам четири тима кои може да исчезнат ако ова не се реши на вистински начин“, вели тој.