Ф1 ќе има рекорден број трки во 2023 година (Фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Формула 1 денеска го објави календарот со трки за 2023 година во која ќе има рекорден број на трки, односно 24.

Следната година во календарот се додаваат трки во Лас Вегас и Кина, која по три години се враќа во натпреварувањето.

Календарот го одобри Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) и Советот на светскиот мото спорт.

Сезоната ќе почне на 5 март во Бахреин, а две недели подоцна ќе се вози трка во Саудиска Арабија. Се очекува следната сезона да заврши на 26 ноември со трка во Абу Даби.

„Присуството на 24 трки во календарот на Ф1 во 2023 година е дополнителен доказ за растот и привлечноста на спортот“, велат од ФИА.