Федерер призна: Плачев како мало дете по поразот од Ѓоковиќ на Вимблдон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер призна дека плачел по последниот пораз на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон го совлада Федерер, иако Швајцарецот имаше две меч-топки, но не успеа да искористи ниту една.

Федерер се задржа од солзи при доделување на наградата, но сепак не можел да издржи во соблекувалната, па се расплакал како мало дете.

„Последен пат кога сум плачел? Пред два месеци на Вимблдон. На теренот и на доделувањето на трофејот ги задржав солзите. Потоа заминав во соблекувалната и на првиот коментар се скршив и почнав да плачам“, вели Федерер.

Да потссетиме, 38-годишниот тенисер пред неколку дена порача дека ќе игра и на следниот Вимблдон, а потоа не се знае дали ќе ја продолжи кариерата.