Федерер за Мирка: Можеше да ме запре, но не го направи тоа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот тенисер Роџер Федерер вчера ја заврши кариерата, а последниот меч го одигра во двојки со Рафаел Надал со кој загубија од Френсис Тиафо и Џек Сок со 1-2 во сетови.

Во текот на мечот, тенисерите одлично се забавуваа, а по дуелот Федерер го зема микрофонот и кажа неколку зборови, при што им се обрати на своите деца и сопругата Мирка.

Швајцарецот во солзи ѝ се заблагодари на Мирка за цела поддршка која му ја даде во текот на кариерата.

„Овде се моите деца и мојата сопруга. Таа ми беше поддршка. Можеме да ме запре пред многу време, но не го направи тоа. Ме поддржа да продолжам и ми дозволи да играм. Ти благодарам“, кажа Федерер.