Феликс е несреќен и сака да замине од Атлетико во јануари!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид набрзо би можел да се раздели со Жоао Феликс, кој не е задоволен од неговиот однос со тренерот Диего Симеоне.

Португалецот веќе четврти меч по ред седи на клупата за резервни фудбалери, а синоќа против Клуб Бриж се загреваше долго време и не доби шанса на теренот.

Феликс јавно го покажа незадоволството откако Симеоне реши да не му даде шанса, а шпанските медиуми пишуваат дека Португалецот не е среќен и бара трансфер во јануари.

Атлетико нема да се противи и би можел уште во јануари да го продаде своето најскапо засилување, но само ако пристигне добра понуда.