Феликс го облече дресот на Челси: Доаѓам во еден од најдобрите тимови во светот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси потпиша договор за позајмица со португалскиот репрезентативец Жоао Феликс, кој ќе остане во Лондон до крајот на сезоната, а потоа се враќа во Атлетико Мадрид.

Феликс потпиша нов договор до 2027 година пред да пристигне во Челси, кој нема откупна клаузула за неговите услуги и за истите ќе плати 11 милиони евра за шест месеци.

„Челси е еден од најдобрите тимови во светот и се надевам дека ќе му помогнам да ги оствари своите цели. Многу сум среќен што пристигнав тука и возбуден сум што ќе играм на ‘Стемфорд бриџ’“, кажа Феликс.