Феликс откри кога ќе донесе одлука за својата иднина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот португалски фудбалер Жоао Феликс е желба на многу клубови како Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, а неговиот трансфер би можел да чини повеќе од 100 милиони евра.

Новата ѕвезда на португалскиот фудбал, 19-годишниот Феликс е подготвен да ја напушти татковината и Бенфика, но вели дека во моментов е фокусиран само на репрезентацијата.

„Сега сум фокусиран на репрезентацијата и Лигата на Нации. Кога тоа ќе заврши, тогаш ќе решам што ќе правам во иднина“, кажа Феликс.

Младиот Феликс играше одлично за Бенфика, па минатата сезона постигна 20 гола во 33 меча во сите натпреварувања, а покрај тоа имаше и 11 асистенции.