Феликс се откажал од 17 милиони евра за да се пресели во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Жоао Феликс ја заврши својата епизода во Атлетико Мадрид и на крајот на летниот преоден рок се пресели во Барселона.

„А Бола“ објави дека Феликс се откажал од 17 милиони евра за да ја комплетира преселбата од Атлетико во Барселона.

Феликс во Атлетико добиваше по шест милиони евра годишно, па мораше да се откаже од најголем дел од парите и така Барселона ќе му плати само 400.000 евра до крајот на сезоната.

За да го ослободи најскапото засилување, Атлетико побара од Португалецот да го продолжи договорот на уште две сезони и притоа му ја намали платата двојно, а тоа значи во следните четири години ќе добие само 12 милиони евра наместо 24.