Фенербахче донесе одлука за иднината во Суперлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турскиот гигант Фенербахче вчера имаше состанок на кој реши да остане во турската Суперлига, иако претходно се закани дека ќе го напушти првенството по инцидентот со навивачите на Трабзонспор.

Фудбалерите на Фенербахче беа нападнати од навивачите на Трабзонспор, но тоа не го натера турскиот гигант да го напушти шампионатот.

„По сите одржани средби решивме дека е најдобро да останеме во Суперлигата. Причината поради која повлекувањето не е добра опција е тоа што би морале да се соочиме со исти проблеми во пониските лиги“, соопшти претседателот на тимот, Али Коч.