Феран Торес избрал број на дрес во Барселона? 📸


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Талентираниот Феран Торес ќе стане нов член на Барселона. 21-годишниот фудбалер ги договори сите услови за преселба во Каталонија, а Манчестер сити ја прифати понудата од каталонскиот гигант.

Торес треба да биде претставен како ново засилување на Барселона во понеделник, а веќе се знае и кој број на дресот ќе го носи.

Одличниот фудбалер ќе мора да го земе бројот 25, но тоа е најмал проблем затоа што Барселона доби одлично засилување за 55 милиони фунти.

Торес во минатото г помина сите младински селекции на Валенсија, а за првиот тим од „Месталја“ дебитираше во 2017 година.

Член на „граѓаните“ стана во 2020 година и стигна за сума од околу 20 милиони фунти, додека за тимот од „Итихад“ постигна 16 гола во 43 настапи.