Фергусон го понижил Бекам во соблекувалната како никој друг! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Без оглед на тоа што Дејвид Бекам одамна замина во пензија, сепак сè уште е популарен кај љубителите на спортот, а во интервју со Гери Невил откри некои непознати детали од животот.

Бекам често ја менуваше фризурата, а како најлоша беше прогласена таа од пред 22 години, која потоа променила многу работи во неговиот живот.

Фергусон го натерал Бекам да се шиша пред сите соиграчи во соблекувалната кога забележал каква фризура има.

„Најлоша фризура? Таа траеше додека не ја виде тренерот, кој ме натера да се шишам во соблекувалната. На тренинзите носев капа и ја криев, но за време на дуелите морав да ја тргнам капата. Фергусон ми ја виде фризурата и кажа дека морам веднаш да се шишам“, вели Бекам.