Ферстапен е чудо: Ја почна трката од 10. место, па се изврте и на крајот славеше во Унгарија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи во трката за Големата награда на Унгарија, и тоа на спектакуларен начин откако ја почна битката од 10. позиција.

Ферстапен притоа успеа да се изврти во еден момент и тоа го искористи Шарл Леклер од Ферари, меѓутоа Холанѓанецот успеа да надокнади сè и да победи по 70 извозени кругови.

Холанѓанецот во моментов има 80 бодови повеќе од неговиот најголем конкурент за титулата, а тоа е Леклер.

Ферари имаше уште една ужасна трка, па Карлос Саинц заврши на четвртата позиција, додека Леклер беше шести.

Џорџ Расел од Мерцедес стигна до третата позиција, а седумкратниот светски првак Луис Хамилтон стигна до второто место.