Ферстапен ја освои пол-позицијата во Бахреин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја освои пол позицијата за трката во Формула 1 за Големата награда на Бахреин.

Откако беше најбрз на сите три тренинзи, Ферстапен беше најдобар и во квалификациите и до пол-позицијата стигна со време од 1.28.997.

Актуелниот шампион и седумкратен светски шампион, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од втората позиција бидејќи беше 0.388 секунди побавен од Ферстапен.

Неговиот клупски колега Валтери Ботас ќе тргне од вториот ред, заедно со возачот на Ферари, Шарло Леклер, додека петти е Пјер Гасли од Алфа Таури.

До десеттото место се уште и Даниел Рикардо, Ландо Норис, Карлос Сајнц, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.