Ферстапен му одговори на Хамилтон: Имаш 37 години и сè уште учиш!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен му одговори на Луис Хамилтон на коментарите за неговиот стил на возење за време на трката за Големата награда на Велика Британија.

Хамилтон, кој е седумкратен светски шампион, го освои третото место на Силверстон и тоа беше најдоброто издание на Британецот за оваа сезона.

Британецот кажа дека оваа година водел поголема битка со Шарл Леклер, отколку минатата со Ферстапен, по што пристигна одговор од актуелниот шампион.

„Мислам дека е одлично кога имате 37 години и сте на врвот, но тој сè уште учи, тоа е добар пример за помладите возачи“, кажа Ферстапен.