Фетел ќе биде тест-возач на „Порше“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел ќе тестира за „Порше“ во програмата за Ле Ман.

Фетел ќе го вози „Порше 963“ како дел од 36-часовниот тест на патеката Арагон во Шпанија, кој е закажан за следната недела.

„Ова ќе биде ново искуство за мене, ќе видиме што ќе се случи. Во моментов немам дополнителни планови за иднината“, кажа Фетел.

Германецот се повлече од Формула 1 во 2022 година, а причина за тоа била желбата да помине повеќе време со семејството.