Фетел ќе го замени Хамилтон во Мерцедес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел се поврзува со Мерцедес и најверојатно ќе биде наследник на Луис Хамилтон кој од 2025 година ќе вози за Ферари.

Ралф Шумахер во интервју за „Скај Спортс“ откри дека неговиот сонародник повторно сака да вози во „најбрзиот циркус“, а Мерцедес во моментов го „скенира“ пазарот.

„Слушнав дека Фетел сака повторно да вози. Многу работи може да се променат во спортот. Сите видовте дека Хамилтон потпиша за Ферари. Мислам дека Расел нема харизма да го замени Луис“, кажа Шумахер.