ФИФА пресече: Останува важечка суспензијата на Челси…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓународната фудбалска федерација ја одби денес жалбата на Челси на за едногодишната забрана за трансфери.

ФИФА го санкционираше Челси во февруари, бидејќи англискиот клуб прекрши 29 правила во трансферите на малолетни играчи.

Жалбениот комитет на ФИФА ја потврди суспензијата, но наведе дека на Челси ќе му биде дозволено да регистрира играчи помлади од 16 години.

Се очекува Челси да се жали до судот за спортска арбитража во Лозано.

Челси може да бара од CAS итна привремена одлука за замрзнување на суспензијата во текот на жалбената постапка. Тоа би овозможило на клубот да ги регистрира сите играчи кои ќе ги доведе пред почетокот на преодниот рок, кој во Англија почнува на 11. јуни.

Според казната на ФИФА, Челси може да продава играчи, но нови не може да купи уште една година.