Фјури го истепа Чисора, па земаа да јадат хамбургери (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британскиот боксер Тајсон Фјури ја одбрани титулата во ВБЦ-верзија откако на стадионот на Тотенхем во Лондон го совлада Дерек Чисора во 10 рунди.

Чисора беше достоен противник за Фјури и за малку ќе го нокаутираше, но сепак не успеа и на крајот се соочи со пораз.

Интересно е тоа што по борбата Фјури и Чисора земаа да јадат хамбургери и така станаа хит на социјалните мрежи.

За Фјури ова беше 33 победа во 34 борби, а има и едно реми во кариерата со Вајлдер.