Флик го напушта Баерн Минхен: Имам идеја…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иднината на Ханси Флик на клупата на Баерн Минхен не е безбедна. Долго време се зборува за негово заминување, а тие шпекулации станаа актуелни и по елиминацијата од ПСЖ во Лигата на шампиони.

Флик не сакаше да зборува премногу пред новинарите на таа тема по испаѓањето од елитното натпреварување.

„Мора да го почитувате тоа кога ќе кажам дека не сакам да зборувам на таа тема. Работите се јасни, имам договор со Баерн, а вие ме прашувате што ќе биде во иднина. Секогаш размислувам за тоа што следи затоа што за мене успехот е процес. Размислувам како ќе се одвиваат работите, за нови предизвици и како да се пристапи. Имам идеја за тоа“, вели Флик.